Битолскиот мотоциклист Христијан Илиоски продолжува со одличните настапи на меѓународната сцена. На Државниот шампионат во мотокрос, кој се одржа во Пеја, Косово, Илиоски доминираше во својата класа и го освои првото место во двете трки, заслужено стигнувајќи до највисокото место на победничкиот пиедестал.

Со максимален учинок и две победи, младиот битолчанец уште еднаш потврди дека е еден од најдобрите македонски мотокрос возачи, продолжувајќи ја успешната сезона со нов трофеј во својата колекција.

По натпреварот, Илиоски упати благодарност до својот клуб, спонзорите, навивачите и семејството за поддршката која му овозможува да ги остварува врвните резултати на патеките низ регионот.
Зад неговите успеси стојат поддршката од Мото клуб Пелистер, како и бројни компании и институции кои веруваат во неговиот талент и спортска иднина.

П1 во двете трки во Пеја, Косово, уште еден голем успех за Христијан Илиоски и македонскиот мотокрос.
