ХРИСТИЈАН ИЛИОСКИ – КИКО Е BMU ЕВРОПСКИ МОТОКРОС ШАМПИОН ЗА 2026!

од • September 22, 2026 • 0 коментари

Уште една голема титула оди во Битола! Христијан Илиоски – Кико ја продолжува својата исклучителна мотокрос приказна со титула во BMU European Motocross Championship, додавајќи уште еден голем трофеј во својата богата кариера.

Илиоски зад себе има сезона исполнета со силни настапи на патеките низ регионот. Во Хајраболу, Турција, со стартниот број #90 беше прв во двете трки, додека претходно запиша двојна победа и во Крешево, Босна и Херцеговина.

За Кико ова не е прв ваков успех. Според неговата официјална биографија, битолчанецот во кариерата има 17 шампионски титули – 13 државни и четири BMU европски, освоени низ категориите MX85, MX2, MX1 и MX.

Зад бројките стојат години тренинг, падови, станувања, километри патување и огромна посветеност на спорт кој бара и физичка и психичка подготвеност, но и сериозна техника и финансиска поддршка.

Од Битола на европскиот мотокрос врв – Христијан Илиоски – Кико повторно носи шампионски трофеј дома!

Честитки, Кико!

Babam Bitola

Comments are closed.