Битолскиот мотокрос натпреварувач Христијан Илиоски – Кико забележа уште еден голем меѓународен успех, освојувајќи го првото место во двете трки на БМУ Европскиот шампионат во Унгени, Молдавија.

Илиоски, кој настапува со препознатливиот број 90, беше најбрз во двете трки и со две освоени први места зад себе остави уште еден успешен настап на европската мотокрос сцена.
P1 во првата трка и P1 во втората трка е билансот со кој битолчанецот го заврши настапот во Молдавија, продолжувајќи ја серијата одлични резултати на меѓународните натпреварувања.

По завршувањето на трките, Илиоски упати благодарност до својот клуб Мото клуб Пелистер, до семејството, фановите и спонзорите кои го поддржуваат во текот на сезоната.

Со двете победи во Унгени, Христијан Илиоски – Кико уште еднаш го донесе битолскиот мотокрос на врвот на подиумот на БМУ Европскиот шампионат.

