Христијан Илиоски европски шампион – злато за Битола!

од June 1, 2026 0 коментари

Нашиот битолчанец Христијан Илиоски испиша нова блескава страница во македонскиот мотоспорт, освојувајќи го првото место и златниот медал на БМУ Европскиот шампионат кој се одржа во Крешево, Босна и Херцеговина.

Илиоски доминираше на патеката и заврши како П1 во двете трки, потврдувајќи ја својата одлична форма и шампионски квалитет во силна меѓународна конкуренција.

По големиот успех, тој упати благодарност до својот клуб, спонзорите, фановите и семејството, кои постојано му даваат поддршка на патот кон врвните резултати.

Овој успех претставува уште едно големо признание за македонскиот мотоспорт и за Битола, град кој продолжува да создава шампиони на меѓународната сцена.

Честитки за Христијан Илиоски и неговиот тим за освоеното европско злато!

Babam Bitola

Comments are closed.