Хенигман останува во Битола, Еурофарм Пелистер го продолжи договорот со словенечкиот бек

од March 29, 2026 0 коментари

РК Еурофарм Пелистер и во наредната сезона ќе се потпира на сигурноста, квалитетот и професионалноста на словенечкиот репрезентативец Ник Хенигман. Битолскиот клуб официјално го продолжи договорот со левиот бек за сезоната 2026/27, со можност соработката да биде продолжена и за сезоната 2027/28.

Од таборот на „зелено-белите“ истакнуваат дека Хенигман претставува значајна додадена вредност во ростерот, не само поради своите ракометни квалитети, туку и поради харизмата и лидерството што ги носи на теренот и во соблекувалната. Иако е дел од тимот само една сезона, во клубот велат дека неговото присуство се чувствува како да е тука многу подолго.

Словенечкиот интернационалец пристигна во Битола минатото лето и веднаш остави силен белег. Со Еурофарм Пелистер го освои Суперкупот на Македонија, беше стандарден во настапите во домашната Суперлига и во Лигата на шампионите, а паралелно игра значајна улога и во националниот тим на Словенија.

Пред својата авантура во Македонија, Хенигман настапуваше за Рибница во Словенија, унгарскиот ПИК Сегед, како и француските Сант Рафаел и Шамбери, градејќи богато интернационално искуство кое сега го става во служба на битолскиот клуб.

Со ова продолжување на договорот, Еурофарм Пелистер испраќа јасна порака за континуитет и стабилност, задржувајќи еден од клучните играчи во амбициите за нови успеси на домашната и европската сцена. 🍀🤍

Babam Bitola

Comments are closed.