Еурофарм Пелистер го засили својот ростер со ракометар кој доаѓа од една од најголемите ракометни сили во светот – Франција.
Нов член на битолскиот шампион е 26-годишниот Саду Нтанзи, среден бек кој потекнува од школата на Пари Сен Жермен и кој ги поминал сите младински категории на француската репрезентација.

Нтанзи во Битола пристигнува од германскиот бундеслигаш Мелсунген, а со „зелено-белите“ се обврза на договор во траење од една сезона.
Францускиот бек четири години беше дел од ПСЖ, период во кој освои четири шампионски титули во Франција, како и Куп и Суперкуп. Потоа настапуваше за Феникс Тулуз, унгарска Татабања, Ал Араби од Катар и Мелсунген од Германија.
Со германскиот клуб Нтанзи обезбеди и пласман во Лигата на шампионите за оваа сезона, откако Мелсунген минатата сезона ја освои Европската лига.
Со неговото доаѓање, Еурофарм Пелистер добива ракометар со искуство од силни европски првенства и клубови, а Нтанзи ќе биде и еден од ретките француски ракометари кои настапувале во македонскиот ракомет.
🇫🇷➡️💚🤍 Од Франција и Бундеслигата – право во Битола. Добредојде, Саду Нтанзи!