Со гордост ја споделуваме веста – нашиот Еурофарм Пелистер и следната сезона ќе биде дел од елитата на европскиот ракомет!
Ова признание не е само за клубот, туку и за цела Битола!
Благодарение на беспрекорната организација, спортската култура и најгласната и најверна публика – онаа што ја полни салата до последно место и пее до последна секунда – повторно сме на ракометната мапа на Европа!
Оваа публика заслужува повеќе!
Битола заслужува нова, поголема сала – капацитет за над 6000 гледачи, достојна за европски спектакли и за љубовта што градот ја има кон ракометот.
Ова е успех за Пелистер. Ова е успех за Битола.