Зафир Ошавков (1905, Дебар – 1996, Битола) е битолски фотограф кој потекнува од фотографско семејство.Неговиот татко, Васил Ошавков (1872, Дебар – 1942, Битола) имал фотографско студио во Дебар кое што го отворил на почетокот на 20 век, а фотографскиот занает го изучил во Браила (Романија) каде што имал роднини.
Во 1920 година Васил заедно со своето семејство се преселил во Битола и продолжил да се занимава со фотографија отварајќи и студио кое на почетокот било регистрирано под име ”Фото ателје Васил Ошавков(иќ) и синови”, а по неговата смрт го воделе синовите Зафир и Фердинанд како ”Фото ателје Браќа Ошавкови”.
извор Утрински.мк