🟥 ФОТОСПОМЕНАР: ВОЈВОДИТЕ ОД КОМИТСКО
🗓 20.07.2025 (недела)
📍 КЦ „Магаза“ – Битола | ⏰ 19:00 ч

Нè има во секое оро. Во секој громогласен тапан. И во секој чекор што го гази подот со гордост.
Но постои еден лик што секогаш се памети најсилно – војводата од Комитско.

Со тоа оро почнуваат „Илинденски денови“.
Со тој лик – горд, исправен, симболичен – фестивалот се отвора веќе децении.

Секоја година, кога ќе започнат „Илинденски денови“, едно оро прво го крши молкот.
„Комитско.“
И секогаш пред него – војвода.

А зад секоја од тие силуети – има лице. И приказна.

Овој фотоспоменар ги раскажува токму тие приказни.
Преку ликовите на сите што низ годините ја носеле таа улога – со чест, со став, и со срце – како членови на КУД „Илинден“ – Битола.

Проектот е реализиран од Центарот за култура – Битола со поддршка од Министерството за култура.