Фоајето на Центарот за култура во Битола синоќа беше исполнето со рокенрол енергија, носталгија и гордост. Со изложбата на фотографии и настапот на легендарната битолска група „Чоканче“, публиката повторно го доживеа духот на едно време што остави длабока трага во локалната музичка сцена.

Настанот беше вистинска рок приказна – спој на звук, слика и емоција. Изложбата ги прикажа најзначајните моменти од повеќедецениското творештво на „Чоканче“, од нивниот прв настап во 1983 година, па сè до денешните аплаузи што сведочат дека нивната музика и понатаму живее меѓу генерациите.

Со својот препознатлив звук, „Чоканче“ останува симбол на битолскиот бунт, автентичност и урбана култура, а публиката уште еднаш потврди дека вистинскиот рок никогаш не старее.

Фотограф: Диоген Хаџи Коста Милевски