Флекс кредит ги подготвува младите од СОС Детско село за успешно снаоѓање на пазарот на труд и успешна иднина, водејќи се од мисијата и идејата дека секој млад човек заслужува образование и вработување. Како компанија која знае дека секоја насмевка е важна се вклучивме во проектот “Младите можат“ на СОС Детско Село со цел да им помогнеме на младинците полесно да ја најдат работата која што им е животен сон и предизвик и успешно да се вклучат во деловниот свет.

Темата на нашата работилница беше ,,Подготовка за пазар на труд и барање на работа,, со цел да им дадеме стручни совети како да направат биографија која ќе остави впечаток, што е пресудно на интервју, како да се подготват за интервју , како да се подготват претходно за интервју и како да остават добар впечаток. Исто така направивме симулации на интервју како треба и како не треба да да однесува кандидатот. – велат од тимот за Човечки Ресурси во Флекс Кредит

Истиот тој тим се појави и во улога на предавачи со огромен ентузизјазам и задоловство им пренесе знаење, вештини и информации како и корисни совети како да ја започнат својата кариерна патека со самодоверба и ентуазијам, а исто така и со симулирање на реално интервју им овозможи практично да видат како е на интервју и сами да донесат одлука кој кандидат ќе го изберат.

За присуството Флекс Кредит им додели и благодарници со желба и надеж дека еден ден ќе станат наши колеги, со отворени можности за соработка преку пракси и вработување.

Флекс Кредит како општествено одговорна компанија се стреми да пружи помош на граѓаните од социјален ризик, со цел да ги надминат секојдневните проблеми со кои се соочуваат.