Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола ја извести јавноста дека ја прекина соработката со шефот на стручниот штаб, Димитар Капинковски.

Од клубот му се заблагодарија на досегашниот стратег за ангажманот и професионалноста, посакувајќи му успех во понатамошниот тек на неговата тренерска кариера.

Под водство на Капинковски, „зелено-белите“ одиграа девет натпревари во тековниот шампионат, при што забележаа две победи, едно реми и шест порази.

Раководството на Пелистер најави дека во следните денови ќе биде промовиран новиот шеф на стручниот штаб, кој ќе ја преземе задачата да ја врати стабилноста и резултатите на тимот.