Филмот Лена и Владимир триумфираше на 31-от Филмски фестивал во Седона, освојувајќи ја престижната награда за Најтрансформативен филм. Ова признание го потврдува длабокото влијание и уметничката вредност на приказната која го освои срцето на жирито и публиката.
Тимот зад Лена и Владимир, каде во една од главните улоги е нашиот Тони Наумовски изрази голема благодарност за честа, нагласувајќи дека проектот е резултат на посветеност, страст и креативност.
„Навистина сме почестени и инспирирани од ова признание. Ова е награда за сите што веруваа во нашата визија,“ истакнаа авторите.
Фестивалот во Седона е познат по славењето на филмови што носат длабоки емоции и трансформираат гледачи низ светот. Победата на Лена и Владимир ја зацврстува неговата позиција како значаен уметнички проект на меѓународната филмска сцена.