Филмот „Како плачат улиците“ со промоција на 9 мај во Битола

од April 30, 2026 0 коментари

Филмот „Како плачат улиците“, дело кое ги разбуди спомените на една генерација и ја враќа приказната за битолската хип хоп култура на големото платно, повторно ќе биде прикажан пред македонската публика.

Премиерата е закажана за сабота, 9 мај, во големата сала на Центарот за култура во Битола. Настанот ќе започне во 19:00 часот со хип хоп сесија во фоајето, а проекцијата на филмот е закажана за 20:00 часот. По премиерата, вечерта ќе продолжи во „Камарите“ со хип хоп забава од 22:00 часот.

Организаторите посочуваат дека купените влезници за претходно одложениот датум важат и за новиот термин. Продажбата на билети продолжува од понеделник, на билетарницата и онлајн преку 3dkinobitola.com.

„Како плачат улиците“ е филм посветен на истрајноста, стиховите, спомените и културата што оставила силен белег врз една генерација во Битола.

На 9 мај, Битола повторно ќе ја слушне приказната на улиците.

Babam Bitola

Comments are closed.