Еурофарм Пелистер со голема благодарност се простува од Филип Милевски – Физи, човек кој беше незаменлив дел од нашиот тим цели осум години, започнувајќи од 2016 година.

Физи со својата професионалност, посветеност и искрен однос остави длабока трага во клубот и беше столб на стручната служба во текот на значајни моменти од нашето заедничко патување. Неговата енергија, пристап и посветеност на секој сегмент од работата ќе останат запаметени од сите во клубот.

Од срце му посакуваме многу успех, здравје и среќа во понатамошната кариера и живот. Вратата на Еурофарм Пелистер секогаш ќе биде отворена за луѓе како него…изјавија од Еурофарм Пелистер