На возобновената манифестација „Ракометар на годината“, во организација на Ракометната федерација на Македонија, блеснаа имињата на двајца битолски херои – Филип Кузмановски и Никола Митревски.

Филип Кузмановски беше избран за најдобар ракометар на годината од страна на РФМ, додека Никола Митревски ја понесе титулата најдобар ракометар според гласовите на публиката на социјалните медиуми.

Овие признанија се потврда за нивната извонредна форма, посветеност и континуитет во македонскиот и европскиот ракомет. Двајцата потекнуваат од Битола и со своите настапи веќе долги години ја претставуваат нашата земја и градот на највисоко ниво.

Честитки до Филип и Никола за заслужените награди и за тоа што достоинствено го носат духот на битолскиот ракомет!