Капитенот на шампионот на Македонија, Филип Кузмановски, денес ги посети младинците на Еурофарм Пелистер на последниот тренинг пред заминувањето на завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн. Кузмановски ги охрабри ракометарите и им посака среќа на турнирот на најдобрите.
Експедицијата на Еурофарм Пелистер утре патува за Келн и во терминот од 20:00 часот ќе го одржи официјалниот тренинг пред полуфиналето против ГОГ Гудме. Натпреварот за пласман во финалето се игра в сабота на 14 јуни во 09:00 часот во Дормаген.