Капитенот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски, уште еднаш покажа зошто е еден од најважните ракометари во битолскиот тим.

На натпреварот во Гдањск, Кузмановски одигра фантастична партија и со 15 постигнати голови, 79% реализација и пет асистенции заслужено го понесе признанието за МВП – најкорисен играч на натпреварот.
Капитенски настап и статистика која едноставно не може да остане незабележана. Со својата реализација, борбеност и лидерство, Кузмановски повторно беше предводник на зелено-белите.
15 голови. 5 асистенции. 79% ефикасност. МВП.
👏 Секоја чест, капитен! 💚🤍
Битола е горда на својот Филип Кузмановски!