РК Еурофарм Пелистер и ракометарот Филип Ивиќ постигнаа спогодбен договор за прекин на соработката една година пред истекот на договорот. Хрватскиот голман минатото лето пристигна во Битола од Шамбери, настапуваше во Лигата на шампионите и го освои трофејот од шампионатот на Македонија.
Клубот му се заблагодарува на Филип Ивиќ за професионалниот пристап и за придонесот во успешната сезона. Му посакуваме успех во следниот предизвик во кариерата.