Филип Ивановски е нов тренер на голманите на Еурофарм Пелистер 2

од July 22, 2026 0 коментари

Еурофарм Пелистер 2 го комплетира стручниот штаб за новата натпреварувачка сезона со ангажманот на Филип Ивановски, кој ќе ја извршува функцијата тренер на голманите.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија се враќа во ракометот и ќе биде дел од стручниот штаб на вториот тим на Еурофарм Пелистер, предводен од Бранислав Ангеловски, во кој е и Фарук Мемиќ.

Ивановски зад себе има богата играчка кариера, бранејќи за Еурофарм Пелистер, Вардар Јуниор, Бутел Скопје и Охрид. По завршувањето на активната кариера, неколку години ја извршуваше функцијата директор на КК Пелистер.

Со неговото приклучување, Еурофарм Пелистер 2 дополнително го засилува стручниот тим, продолжувајќи со стратегијата за развој на младите ракометари и создавање квалитетен кадар за иднината на клубот.

Babam Bitola

Comments are closed.