ФАРУК МЕМИЌ СО НОВА УЛОГА ВО ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

од July 2, 2026 0 коментари

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ги засилува своите стручни редови со нов ангажман за долгогодишниот член на клубот, Фарук Мемиќ, кој е именуван за асистент на Бранислав Ангеловски во Еурофарм Пелистер 2.

Покрај оваа функција, Мемиќ ќе ја извршува и должноста координатор на младинските категории, со што ќе има значајна улога во развојот на младите ракометари и создавањето нови генерации таленти.

Од клубот истакнуваат дека соработката со Фарук Мемиќ трае повеќе од една деценија, а неговото искуство и посветеност ќе продолжат да бидат важен дел од развојот на клубот.

„Му посакуваме многу успех во новите предизвици и уште многу успешни генерации да излезат под негово водство“, порачаа од Еурофарм Пелистер.

Babam Bitola

Comments are closed.