Во Битола пред седум децении живеел познатиот Јован Димитриевиќ-Пиника, кој на негов трошок подигна училишта и болница, како во неговиот роден град така и во неговата околина.. Тој го подигна Вишото училиште за девојки – денешна зграда на
Богословијата, како и денешните градби на Државната трговска академија и основното училиште Свети Сава.

Тој на негов трошок исто така изгради болница наречена Благовештение, која сам ја издржувал, плаќајќи ги сам лекарите со придружниот персонал. Помагаше и градеше цркви. За време на прославите на основните училишта и црковните празници во Битола низ улици ја носеја напред неговата слика, како знак благодарност.

Пиника секоја година му помагаше на сиромашните ученици и другите сиромашни кои сакаа да стапат во брак. За неговото заминување од Битола многу се зборуваше. Јован Димитријевиќ- Пиника се населил во Александрија, Египет. Таму починал. А таму пред неколку дена починала и неговата ќерка Јелена Димитријевиќ-Пиника.

Според тестаментот таа им остави еден дел од нејзиниот голем имот на битолските институции. Во последните нејзини денови Јелена не го заборави нејзиниот роден град и татковината. Во тестаментот за Битола и околните цркви остави: за црквата Света Богородица во с. Трново, 50 фунти стерлинзи, за св. Ѓорѓи црква во село Магарево 50 фунти, за болницата Благовештение, која е уништена за време на војната, а која е изградена од нејзиниот татко, 200 фунти.

Според тестаментот оваа сума веднаш треба да се одели од наследството на Јелена Димитријевиќ-Пиника.
За хумани цели Јован и Јелена за хумани цели го подарија големиот недвижен имот не заборавајќи ја Битола со околината.

Извор Правда 1934 г.

Насловна фотографија Болница Благовештение, Спитаљето.

Голема благодарност до Благојче Андонов