За денес, една убава вест која ќе ви ги стопли срцата. Спасена е срна, стара само една недела, со скршеница на ногата.
Браво за спасувачите и тимот на нашиот д-р Владимир Стојаноски.
Во прилог објавата од неговиот профил:
,,За денес малце необичен пациент. Срна стара само една недела донесена како ургентен пациент заради скршеница на подколеница. На дивите животни им треба посебен третман заради стресот кој го доживуваат при манипулација. Видно вознемирена, дехидрирана и со болки заради скршеницата. После седацијата, регулирање на трауматскиот шок и корегирање на дехидрираноста направени се рентген снимки, репонирана е дислокацијата и е поставена преврска. После редовните контроли и зараснувањњето на скршеницата ќе биде вратена онаму каде што припаѓа односно во дивината.”
Извор Битола во срцето