Нашата светска шампионка, Марија Димовска денес во полуфиналето на Европскиот куп ’25 во Пловдив, Р. Бугарија победи со 3 спрема 0 против Ареша Шиажана од Израел која е на ист ранг со нашата битолчанка и е актуелен светски првак во во К1, но сега во дисциплина лоукик до 60кг убедливо ја победивме и ја паднавме на колена.

Утре Марија е во финале на Европскиот Куп против Магдалена Токич од Хрватска каде ќе ѝ посакаме уште повеќе храброст и борба за победа во рингот

Останатие натпреварувачи од КБК Енерџи во Битола ќе се борат утре во дисциплина киклајт на татами и тоа Маригона Зенуни, Петар Лозановски, Димитар Стефановски и Дарко Нумановик.

Овај Европски куп по рангирсњр е на исто ниво како Атина е само што има посилна конкуренција. Да им посакаме среќа и храбра борба на сите и со златни медали да ни се вратат назад во градот, наши вистински битолски амбасадори.