По повод Меѓународната недела на медицинските сестри , Унијата на здруженија на здравствени работници со средно, вишо и високо образование и Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри-„За нас“ , денес организираше свечена прослава.

На свечената церемонија, за најуспешна медицинска сестра од Болница „Плодност“ за 2018 година, која даде посебен придонес во сестринската дејност е прогласена Билјана Поповска Марковска, од одделот анестезија, реанимација и интензивно лекување.

Посебната пофалница и е доделена за хуманост, успешна работа и посебен придонес за развој на сестринската професија во 2018 година.

На манифестацијата во Скопје учествуваа девет медицински сестри, претставнички на нашата болница.

Ова е уште една потврда за успехот на одличниот медицински тим во Болница „Плодност“, кој постојано се надоградува и работи во интерес на пациентите.