Во текот на вчерашниот ден 4 мај 2019 година, во Скопје за време на WizzAir Скопскиот маратон се одржаа неколку трки и тоа маратон 42 км, полумаратон 21 км, штафетен маратон 42 км и трка на 5 км. каде меѓу голем дел гости од Македонија и светот беа и нашите битолчани кои постигнаа солидни резултати и дадоја голем придонес за афирмација на овај спорт. Трките започнаа во 8.30 часот и траеја до 14.00 часот.

Ви споделуваме неколку од учесниците:

Битолчанецот Кристијан Стојани беше 4-ти на 5 км. вкупен пласман…

Кристијан Стојани

Љупчо Стојановски заврши како 7-ми на маратон 42км во македонски пласман…

Љупчо Стојановски

Маријан Шамоски, за разлика од минатата година 2018 во која успешно го финишираше скопскиот маратон од 42 км, оваа година целеше на личен рекорд на полумаратонската патека од 21.097км на скопски маратон и успеа во планираната цел, финиширајки го со време 1 час, 27мин и 30 секунди, со што го освои 35-тото место во генерален пласман од вкупно од над 2000 учесници кои ја финишираа полумаратонската трка.

Маријан Шамоски

Битолчанката Билјана Сивева, се испроба на нејзиниот прв маратон и тоа на најтешката патека од 42 км. каде заврши како 35-та со време од 04:39:35 ч.

Билјана Сивева

Интерворкс од Битола, од вкупно 30 вработени групно 28 истрчаа на 5 км. и 2-ца на 21 км. без освоени први места и медали.

Интерворкс

Учествуваше и Македонскиот полициски синдикат МПС кои заедно со нашата битолчанка Мартина Николовска, која беше втора измена на групната 42 км штафета, го освоија високото прво место и златен медал.

Мартина Николовска

Битолчанецот Александар Неделковски се испроба на 21 километарскиот маратон постигнувајќи време од 1 ч. 49 м.

Александар Николовски

Познатиот битолски адвокат Никола Димитровски, иако пред една година немал истрчано 1 км, со макотрпни припреми и учество на другите македонски маратони годинава на Скопскиот истрча 21 км, со време 02:16:11, за што напиша дека: “Чувството е неверојатно. И вреди цело сликање после тоа, шетање со медали низ град,
задоволство… Невозможното не постои. Границите се само ментални. Наредно одиме на цел маратон.”

Никола Димитровски

На маратонските патеки присутни беа и членовите од битолската планинарска група “Турниме да кинисам” кои повеќе години учествуваат на маратони во земјава и странство и истотака дадоја свој придонес за афирмација на овој спорт. Членот Кирку Сотировски си го подобри својот личен рекорд и полумаратон од 21 км го истрча за 1 ч. 57 мин 13 с.

Сашо Поповски исто така го собори својот личен рекорд и истрча 21 км за 1 ч 56 мин 07 с.

Кирку Сотировски и Сашо Поповски

Од “Турниме да кинисам” трчаа и штафетно на 42 км…

Членови на штафетата беа Кире, Мирјана, Мартина и Елена…

Кирку Сотировски Турниме да кинисам

Со нивното учество нашите битолски атлетичари ни докажуваат дека иако се во многу мал процент како учесници од Битола на овогодинешниот скопски маратон, во нашиот град сеуште целосно не е замрен атлетскиот, маратонскиот и спортскиот дух, кој беше многу поизразен во минатиот век. Нивна најголема желба е при нивните редовни тренинзи во градскиот парк во Битола, “долниот парк” да биде исполнат со млади и надежни атлетичари и атлетичарки, во кои ќе има желба за себе надминување и одржување на спортскиот дух на нашиот град, која беше главна карактеристика во едно минато но не толку дамнешно време.

Голема благодарност до Рената Станоевска, Маријан Шамоски, Кристијан Стојани, Љупчо Стојановски, Биљана Сивева, Мартина Николовска, Рената Ѓоршевска вработените во Интерворкс, Кирку Сотировски со “Турниме да кинисам” и многу други…

И продолжете со вашето учество и напорните тренинзи… Трчајте бе!