Ученикот Даниел Захарчев (I-4) од Техничкото училиште во Битола, заедно со својот тим, постигна одличен успех — нивната иновативна идеја „Паркирај Паметно“ влезе во топ 53 најдобри идеи на натпреварот „Средношколец Милионер“!

Со оваа идеја, младите покажуваат дека можат да создаваат решенија кои го подобруваат секојдневието и ја градат иднината на паметните градови.

Поддржете ги со својот глас!

Гласајте за нивната идеја и помогнете им да стигнат до вториот круг (топ 20 идеи):

https://milioner.mk/vote/23cc7b49-f679-47f0-821d-ac7c3b5594a8

Горди сме на младите битолски иноватори кои со својата креативност и труд го претставуваат градот во најдобро светло!