Во денес се одржа едукативна активност посветена на финансиската писменост, преку која учениците со попреченост имаа можност на интерактивен начин да се запознаат со монетите, банкнотите и нивната практична употреба во секојдневниот живот.

Активноста се реализираше во рамки на проект за финансиска писменост, а покрај дисеминацијата на знаењата со наставниот кадар, посебен акцент беше ставен на практичното учење. Преку разговор, демонстрации и конкретни примери, учениците учеа како да ја препознаат вредноста на парите и како правилно да ги користат при секојдневни ситуации.

Целта е развивање основни финансиски навики, стекнување функционални знаења и поттикнување поголема самостојност кај учениците, што претставува значаен чекор кон нивно активно вклучување во општеството.

Активноста беше реализирана во соработка со CEFE Macedonia, организација која преку едукативни програми придонесува кон развој на финансиски и претприемачки вештини.