Учениците од ОУРЦ „Кочо Рацин“ со инспиративен настан по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

од March 22, 2026 0 коментари

По повод 21 Март – Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, учениците од ОУРЦ „Кочо Рацин“ реализираа топол и инспиративен настан во читалната на НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, испраќајќи силна порака за прифаќање, емпатија и инклузија.


Настанот беше организиран од библиотекарско-медијаторската секција при училиштето, заедно со библиотерапевтот Ивана Карајанова, која со својата посветеност ја применува библиотерапијата како важен дел од образовниот и воспитниот процес.Активностите започнаа со читање на книгата „Девојчето со необични очи“, од едукативната едиција „Децата го менуваат светот“ на проф. д-р Горица Поповска Налевска. Преку оваа емотивна приказна, учениците учеа за значењето на различностите, прифаќањето и меѓусебната поддршка.


Во продолжение, во духот на пролетта, децата изработуваа шарени чорапчиња со пролетни мотиви, симбол на различноста и радоста. Преку интерактивна игра, тие ги разменуваа чорапчињата, ширејќи пријателство, насмевки и чувство на заедништво.Посебен момент беше кога учениците подарија рачно изработен пар чорапи на Коста Ќука, лице со Даунов синдром и вработен во библиотеката, како искрен гест на почит и вистинска инклузија.Од училиштето упатија благодарност до авторката на книгата, како и до библиотекарката Јасминка Кочевска за гостопримството и поддршката.Со овој настан, учениците од ОУРЦ „Кочо Рацин“ уште еднаш покажаа дека инклузијата не е само збор, туку вредност што се живее секојдневно – преку љубов, разбирање и заедничко растење.

Babam Bitola

Comments are closed.