Учениците од ОУРЦ „Кочо Рацин“ дел од Европската недела на мобилност во Битола

од • September 16, 2026 • 0 коментари

Претставници од ОУРЦ „Кочо Рацин“ – Битола денес беа дел од активностите во рамките на Европската недела на мобилност, која годинава ја испраќа пораката за создавање град достапен и безбеден за сите.

Со своето учество, учениците и нивните наставници дадоа придонес во промовирањето на одржливата, безбедна и инклузивна мобилност, но и во подигнувањето на свеста дека секој граѓанин треба да има еднаква можност непречено да се движи и да ги користи јавните простори.

Под мотото „Битола – град за сите!“, активностите потсетија дека современиот град треба да биде пријателски и достапен за пешаците, велосипедистите и лицата со попреченост, со јавен простор во кој никој нема да биде изоставен.

Учеството на ОУРЦ „Кочо Рацин“ испрати едноставна, но значајна порака – Битола им припаѓа на сите, а еднаквата пристапност е право на секој нејзин граѓанин.

Babam Bitola

Comments are closed.