Учениците од ОУРЦ „Кочо Рацин“ го одбележаа Светскиот ден на театарот

од March 27, 2026 0 коментари

По повод Светскиот ден на театарот, учениците од ОУРЦ „Кочо Рацин“ уште еднаш ја покажаа својата љубов кон сцената и уметноста. Наместо само публика, тие се активни учесници кои со искреност, храброст и силна емоција оставаат впечаток каде и да настапат.

Од установата посочуваат дека нивните ученици се вистински пример дека талентот доаѓа од срцето, а попреченоста не претставува пречка, туку сила која носи уникатни и инспиративни приказни. Преку секој настап, тие испраќаат порака за прифаќање, поддршка и љубов кон уметноста.

Светскиот ден на театарот беше одбележан со гордост, насмевки и аплаузи, а учениците уште еднаш потврдија дека сцената е место каде секој може да блесне.

Babam Bitola

Comments are closed.