Учениците од ОУРЦ „Кочо Рацин“ – Битола уживаа на пријателскиот натпревар меѓу Пелистер и Динамо Букурешт

од October 12, 2025 0 коментари

Денес, на градскиот стадион „Петар Милошевски“ под Тумбе Кафе, дел од учениците сместени во интернатот при ОУРЦ „Кочо Рацин“ – Битола, заедно со наставникот по физичко и здравствено образование, присуствуваа на пријателскиот фудбалски натпревар меѓу битолскиот ФК „Пелистер“ и романскиот клуб ФК „Динамо“ Букурешт.

Посетата беше вистинско уживање за младите љубители на спортот, кои со голем ентузијазам ја следеа играта, навиваа и уживаа во атмосферата што владееше на трибините. Настанот им овозможи одблизу да го почувствуваат адреналинот на теренот, енергијата на публиката и возбудата што ја носи фудбалот.

Со ваквите активности, учениците се мотивираат да развиваат љубов кон спортот и активниот начин на живот, но и да се вклучат во локалната спортска заедница. За нив, овој ден беше исполнет со дружење, позитивни емоции и нови, незаборавни искуства.

Babam Bitola

Comments are closed.