По повод одбележувањето на школската слава Св. Сава, со особено задоволство, ученици и претставници од ОУРЦ „Кочо Рацин“ – Битола беа гости во Специјалната школа „Бубањ“ во Ниш.

Настанот се одржа во празнична и срдечна атмосфера, исполнета со духот на заедништво, почит и пријателство. Одбележувањето на Св. Сава уште еднаш ја потврди важноста на образованието, хуманоста и меѓусебната поддршка, особено во рамки на институциите кои работат со деца и млади со посебни образовни потреби.

Од ОУРЦ „Кочо Рацин“ – Битола упатија искрена благодарност за поканата и топлото гостопримство, истакнувајќи дека ваквите посети претставуваат значаен чекор кон размена на искуства, зајакнување на меѓуинституционалната соработка и градење трајни врски меѓу училиштата.

Посетата на Специјалната школа „Бубањ“ во Ниш беше уште една потврда дека образованието, кога е водено од човечност и емпатија, ги надминува сите граници.