Учениците од Државното музичко училиште – Битола со нови награди на меѓународниот натпревар „Охридски бисери“

од July 5, 2026 0 коментари

Учениците од Државното музичко училиште – Битола остварија забележителен успех на меѓународниот музички натпревар „Охридски бисери“, освојувајќи повеќе награди во своите категории.

Во класата на проф. Цветанка Георгиева, Симеон Мицковски ја освои втората награда.

Во класата на проф. Маја Божиновска, Јана Попрцова Трајковска се закити со прва награда, додека Ана Пиловска доби пофалница за својот настап.

Во класата на проф. Тања Котевска, Јоана Шундовски ја освои втората награда.

Овие признанија се потврда за талентот, трудот и посветеноста на младите музичари, како и за квалитетната работа на нивните професорки. Од училиштето упатија честитки до наградените ученици и нивните ментори, со желби за уште многу успеси и нови достигнувања на домашната и меѓународната музичка сцена.

Babam Bitola

Comments are closed.