Во атмосфера каква што само Битола знае да создаде, шампионот на Македонија РК Еурофарм Пелистер утре ќе го пречека тимот на РК Алкалоид во дерби натпревар кој привлече огромно внимание кај јавноста и љубителите на ракометот.

Билетите се распродадени, спортската сала ќе биде исполнета до последно место, а битолската публика повторно ќе покаже зошто е препознаена како најсилниот осми играч во државата. Зеленобелите навивачи се подготвени да дадат максимална поддршка и да создадат пеколна атмосфера за уште една голема победа.

Натпреварот ветува жестока борба, силен мотив и врвен ракомет со големо тактичко надмудрување на теренот.

Битола живее за ракомет, заедно до нов триумф!

Пелистер над сите!