Утре започнува скијачката сезона на Ски центарот „Стрежево” – Нижеполе, вечерта и ноќно скијање

од December 16, 2023 0 коментари

Традиционално, за сите посетители, скијањето на првиот ден е промотивно ( бесплатно) на двата ски лифта. Ќе има и ноќно скијање.

И оваа сезона скијањето на Стрежево ќе биде достапно за посетителите по поволни цени.

Вечерва со наша механизација и камиони од Македонија пат се овозможи патот да биде прооден и проширен по интензивните снежни врнежи деновиве, а се чисти и паркинг просторот наменет за посетителите на Ски-центарот Стрежево, и воедно се завршува со уредување и обележување на постојните скијачки патеки.

Утре ќе биде ставена во функција и редарската служба.

Нашиот скијачки центар е целосно екипиран за непречено и безбедно функционирање на ски – терените.

Babam Bitola

Comments are closed.