Оф програмата започнува на 18 ти со настапот на
Молли Тролли Квартет во кафе бар Камарите, на 19 ти настапуваат Скопје Џез Инк во Порта џез, а следниот ден Лина Авшар во Камарите.
Лина е позната по нејзиниот моќен глас, како и по нејзините интерпретации на фанк- соул- џез стандарди и современа популарна музика.
Скопје џез инк се група музичари, добро познати на домашната и меѓународната џез сцена, на кои секој настап им е нова музичка авантура, со репертоар составен од авторски и помалку или повеќе познати џез композиции аранжирани токму во стилот на бендот кој опфаќа сѐ од bebop па сѐ до денес и смело навлегува во иднината.
Моли троли е фраза која големиот Лестер Јанг ја користи во неговиот сленг како жаргон за музички тест. Традиционалниот, но и апстрактниот начин на изразување се главните карактеристики на оваа група.
Првото издание на фестивалот минатата година донесе во Битола реномирани светски имиња од џез сцената и тоа Душан Јевтовиќ, кој настапи со Васил Хаџиманов и тапанарот од Израел Асаф Сиркиз, како и Сашо Поповски трио, Фирс,Тони Китановски , Иван Бејков и Виктор Филиповски .
Во програмата оваа година е и џез-работилницата со наслов –Џез фестивали – организација – вмрежување – мобилност на артисти, која ќе се одржи во Народниот Театар на 20 ти април, а на која ќе говорат- Винко Михајловиќ – Петровац Џез Фестивал – Р.Црна Гора, Драган Влајниќ – Кикинда Џез Фестивал – Р. Србија, Ирена Благојевиќ – Џез музичар Белград – Р.Србија, Сашо Поповски – Џез Фабрика Фестивал – Битола, Бојан Стефковски – Џез Фортнајт Фестивал – Џез издавач Скопје, Гордана Настевска-Манасијеска -Акаша Букинг Агенција Скопје, како и домаќинот Тодор Ивановски од Центар за културна деконтаминација Битола.
Фестивалот е поддржан од општината Битола, Министерството за култура и НУ. Народен Театар Битола. Организатор на фестивалот е културното здружение Центар за културна деконтаминација Битола, а основач и директор е македонскиот џез музичар, битолчанецот Сашо Поповски.