Утревечер “Манаки приказна во слики”, 20.00 ч. НУ Центар за култура Битола

од May 16, 2019 0 коментари

Утревечер во 20:00 ч во Големата сала на НУ Центар за култура, не ја пропуштајте приликата да го погледнете филмот “Манаки – приказна во слики” кој ќе открие многу интересни и досега непознати факти за фотографската работа на Браќата Манаки, првите балкански кинематографери. Филмот е истражувачка сторија која преку факти ќе ја раскаже вистинската приказна за Јанаки и Милтон Манаки.
Ова е посебна прилика и важна е за битолската публика која ја очекуваме во голем број, а авторот на филмот- Роберт Јанкуловски најави и лично присуство со што проекцијата ќе има уште поголемо значење.

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *