Денес во Битола се одржа Државното првенство во пинг понг за млади кадети и кадетки до 13 години, во поединечна конкуренција и во двојки.
Нашите претставници постигнаа одлични резултати и се враќаат со полн сјај медали!
Кристијан Митев освои бронзен медал (3. место) во поединечна конкуренција.
Калина Митева исто така се закити со бронза во поединечен настап.
Во конкуренција на двојки, доминираа нашите натпреварувачи:
Кај машките: Кристијан Митев и Андреј Бејковски – златен медал и шампионска титула!
Кај женските: Натали Бејковска и Калина Митева – златен медал и прво место!
Со малку повеќе среќа, можевме да ги видиме нашите талентирани млади и на пиедесталот во поединечна конкуренција. Но нивниот успех денес е вистинска гордост!
Браво за нашите шампиони!