Битола 2029 г.
Успехот на новата мини серија на А-Бе-Ха-О (за катастрофата на Битола) придонесе за зголемување на бројот на туристи кои сакаат да ја посетат овај сега напуштен град.
Една од агенциите кои организираат вакви тури вели дека од почетокот на емитувањето на серијата „Битола“ имала пораст во букирањето од 40%. Просечна цена на турите изнесува 100 долари.
Во април беа одбележани 32 години од најголемата катастрофа во градот, затварањето на штедилница ТАТ, чии последици сè уште се чувствуваат во регионот. Во Битола, тогаш живееле 100.000 луѓе, денес е град на духови, но серијата на Абе-Ха-бе-О (ХБO или АБХО по наши) , оценета на сајтот ИМТ како најдобра на сите времиња, ги оживеа сеќавањата на тие страшни денови за цела Македонија и го запозна светот со цела низа херои кои помогнале да се спречи уште поголема катастрофа, како министеро по трењерки кој ги зеде црните вреќи и др.
„Во мај, градот го посетија 30% туристи повеќе во споредба со истиот период лани, а за јуни, јули и август резервациите се зголемени за 40%“, вели Љубе Фон Достоевски, директор на туристичката агенција „ТаТ и ТаМ риборн“.
Исто и од агенцијата „РекТур“ очекуваат слични бројки и велат дека нудат гратис посети и на радиоактивни локации кои се во непосредна близина и опишани во серијата.
Битола е оддалечена на 100 км воздушна линија од Скопје, но 180 километри по асфалт кои се поминуваат за околу 2-2,5 часа зависно дали ќе застаните Црна Река на бензиска или не. За влегување во градот некогаш важеа строги правила на облекување и однесување кое сега по 100 години повторно се применува. Сите водичи се на рампата на Дулие опремени со чевли и убави манири за сите што доаѓаат по опинци и слично.
„Нереално е да се биде тука, особено да се види како природата го има преземено целиот град. Свесен си дека некогаш тука можело и да има велосипедски патеки секаде околу тебе, но и покрај ризикот да се разочарам, многу сакав да го видам ова и ми е жал што не оставив некој денар и јас во ТАТ“, вели 49-годишен турист од Велика Британија кој е роден битолчанец и до 20 години живееше во Битола но замина на печалба.