Во Битола, во турско време, првите векови, имало турски магацин, што бил со злато. Нашите Македонци се собрале, од Турците не можеле да живеат. Не им се давало тамо право. Нашите православни се собрале кумити и го запалиле магацинот во Битола. Товариле дванајсе маски злато. И тргнале по сртта битолска и наишле ридовите па дошле до селото Кланков Мост, кај Петле. Тука закопале три маски што и тргнале по ридот нагоре према Ореше и Папрадишта на Сланик. Останале уште девет маски за да одат, да бегаат за накај Cкопје ридовите да ги ванат.Испаднале Куртоица. Коа испаднале на Куртоица и проденило. Турците во Битола, војската турска сетила и по нив трчала. Наоружени Турците сила голема биле. Ги опколиле нашите каури со златото, со девет маски на Куртовица, ама нашите избегале иа Горно Чупе над Бабина Pупа. И кога дошле над Бабина Pyпа куртулиле од Турците и дошле на Солунска Глава. На врвот нашите каури виделе дека ќе ги ванат Турците, ќе ги исколат. Маските ги туркале со се златото од Солунска Глава во карпите и пропадисало златото во вреќите и маските. Каурите се разбегале кој каде стасал тамо избегал. Но само еден куртулил oд нив и он едно тагарче злато си наполнил и забегал на кај Солунска Глава и заминал за село Бистрица. Во село Бистрица отишол кај некој Неделко, се викал Медар.Кај него ноќевал и му расправил:
-Дедо – рече, ја бегам за Солун, од оваа Битола за Солунска Глава девет маски злато ги турнавме во пештерите зa да се спасиме од Турците!
И дело Неделко му дал вечера на човекот и човекот заспал. Дедо Неделко му ги зел паричките на тој наш човек војвода. Војводата погинал во село Бистрица и дедо Неделко Медар со тија пари битолски, со богатство владеел.
Тоа време, веќе било во нашите векови, ми беше некој ловција од селото наше Нежилоо, некој дедо Ѓоргија и некој дедо Никола, биле ловџии по диви кози и одиле во Солунска Глава. Тоа време со пушките ради диви кози да тепаат и наишле на златото, кај тие вреќите. И кога наишле кaj златото едно дете голо седело над ним. Претворени парите во дете и парите ги виделе во пештерата, злато големо. Дедо Горѓија викал по дедо Никола:
“Трчи Никола да видиш, едно машко дете голо седи на париве”.
Додека дедо Никола бил на двесте метра целина, изчезнале парите и детето. Изгинале и од тогај тија предаваа на помали. Јас го чув ова од ногу стари човеци и тоа злато и денеска може да стоји во тија карпи и не може никој да го извади.Таја е голема висина од илјада и петсто метри висина и не смее тука да влези. Тие ловџиите од како влегле и прикажува дека на тоа место имало доказ. Затоа Солунска Глава се вика и Битолска Пара.
Народно предание