Тaња Струмениковска Ристевска добитник на Повелбата „Д-р Трифун Пановски“

од April 7, 2026 0 коментари

На Светскиот ден на здравјето, во рамките на свечената прослава по повод 81-годишнината од основањето на Македонското лекарско друштво, на д-р Тања Струмениковска Ристевска ѝ беше доделена Повелбата „Д-р Трифун Пановски“ – највисокото признание во областа на здравството во Македонија.

Ова значајно признание се доделува за исклучителен придонес во медицинската практика, посветеност кон пациентите и унапредување на здравствениот систем.

По повод наградата, д-р Струмениковска Ристевска истакна дека признанието го споделува со своите колеги, медицинскиот персонал и пациентите, нагласувајќи дека медицината е тимска работа и дека успехот е резултат на заедничка посветеност.

„Оваа награда им ја посветувам на сите мои колеги, медицинскиот персонал и пациентите, затоа што медицината е тимска работа“, посочи таа.

По повод Светскиот ден на здравјето, таа упати честитка до сите здравствени работници, потенцирајќи ја нивната секојдневна грижа и посветеност кон здравјето на пациентите.

Babam Bitola

Comments are closed.