Македонската машка младинска репрезентација ќе биде дел од Европското првенство, кое ќе се одржи во Словенија во период од 10 до 21 јули 2024 година. На списокот на селекторот Раде Стојановиќ се наоѓаат и ракометарите на Еурофарм Пелистер 2, Ненад Белистојаноски, Мирче Калајџиески и Самоил Ристевски.

Нашата младинска селекција е дел од групата А заедно со репрезентациите Австрија, Хрватска и Црна Гора.