Тројца боксери од БК „Пелистерски Јунак“ од Битола ќе бидат дел од македонската боксерска репрезентација на Медитеранските игри во Таранто, Италија, кои ќе се одржуваат од 21 август до 3 септември 2026 година.

Македонија во боксерските натпревари ќе ја претставуваат:
🥊 Ален Рустемовски – до 60 кг, сениори
🥊 Ружди Рустемовски – до 65 кг, сениори
🥊 Илчо Костовски – до 90 кг, сениори
Тројцата членови на битолскиот клуб зад себе имаат шампионски резултати, а во Таранто ќе се обидат да стигнат до нов успех и медал за Македонија.
Од Битола до Таранто, среќно на македонските репрезентативци!
Следна објава
