🎶 Трет Трибјут за Кире Чипуровски – ЧипурО – C-PURE TRIBUTE vol.3
📍 Пацио, Музеј Битола
📅 10 јули 2025 (четврток)
🕗 Почеток во 20:00 часот
Ве покануваме на третиот по ред трибјут концерт во чест на нашиот незаборавен битолчанец Кире Чипуровски – ЧипурО, кој остави неизбришлива трага во градскиот музички дух.
Во магичниот амбиент на Пациото на Музеј Битола, своја музичка почит ќе изразат:
🎧 битолските диџеи
🎸 рок групата Бекдор Бенд
🎗Настанот ќе има хуманитарен карактер – собраните средства ќе бидат донирани за настраданите во трагичните настани во Кочани.
Голема благодарност до Музеј Битола за остапениот простор и поддршката.
✨ Споменот живее додека сме ние тука да го раскажуваме, славиме и негуваме. Од градО џа ЧипурО – со музика, со срце, со почит. ❤️