Со посебна чест и гордост, навивачката група Чкембари го најавува Третото издание на Чкембарскиот турнир, кој оваа година носи посебна симболика – започнувањето на одбележувањето на 40 години од постоењето на Чкембари.

Турнирот, кој традиционално вклучува спортски натпреварувања во футсал, баскет и тргање на јаже, ќе се одржи на 19 јули (петок) со почеток во 17:00 часот, на спортските терени на ООУ „Тодор Ангелевски“ во Битола.

Чкембарскиот дух, лојалноста кон Пелистер и љубовта кон трибината се врежани во секоја генерација, а овој турнир е само еден од настаните со кои се најавува големиот јубилеј — 4 децении постоење на Чкембари.

Настанот претставува можност за дружење, спортска возбуда и заедничко славење на навивачката историја.

Екипите кои сакаат да учествуваат ќе можат да се пријават најдоцна до четврток, 17 јули, преку порака на официјалните профили на Чкембари.

ЧКЕМБАРИ – ПЕЛИСТЕР – БИТОЛА!

Трибината живее !!!