ТППЕ Битола повторно во хумана мисија – спасено куче по интервенција на пожарникарите

од • September 5, 2026 • 0 коментари

После многубројните интервенции на терен во изминатиот период, екипата на ТППЕ Битола повторно покажа дека нивната работа не завршува само со гаснењето пожари.

Овојпат битолските пожарникари интервенираа за спасување на куче кое успешно беше извлечено и згрижено, а потоа оставено на безбедно во кафе-бар „Тигре“.

Од ТППЕ Битола порачуваат:

„Без разлика на критиките, обвинувањата и предизвиците со кои се соочуваме, ТППЕ Битола останува верна на својата мисија – да биде таму каде што е најпотребно. Нашата работа никогаш не била да одговараме на навреди и обвинувања. Нашиот одговор секогаш бил и ќе остане на терен – со интервенција, со пожртвуваност и со спасен живот.“

Бидејќи на крајот, делата остануваат, а зборовите поминуваат.

Babam Bitola

Comments are closed.