Тој строен како градскиот саат
Таа убава и расцветана како Магнолија
Тој пицнат како Офицерски
Таа наконтена како Стара Чаршија
Тој распеан како Тумбе Кафе
Таа разиграна како Шеталиште
Тој раскошен како Безистен
Таа историска како Јени Џамија и св. Ѓорги под неа.
Тој разигран и палав како Драгор
Таа мистична и таинствена како Хераклеја
Тој стросан како Широк Сокак
Таа лична како Еврејка, Аврата
Тој со серенада и гитара
Таа со клавир и виолина
Тој со точако на Манаки
Таа со пајтоно на Манди
Тој од срце ја допира со песните на Ајри
Таа уште повесела го грее со песната на Калица
Тој ја гали со баладите на Славе
Таа во танго го гушка со шлагерите на Сашка
Тој во Ројал ужива со кафе и локум
Таа откаршија кај Пешка со боза и шампита
Тој во костум и шапка, со чибук и ладна бира на летната тераса во Централ
Таа со муштикла, црвен чадор и црвено винце до пола на балкунот кај Каринте.
Ех
Тој Бабам
Таа Битола

Мојата Битола.

„Тој и таа“, едно мало парче душа од книгата „Мојата Битола“. На продажба во книжара BOOK HOUSE, ул. Кирил и Методиј до Бар Општина, поранешна Општина Битола.