ТОМЕ ДИМИТРОВСКИ „ТАРЗАН“ – ЛЕГЕНДАРНИОТ ГОЛМАН НА ПЕЛИСТЕР КОЈ БРАНЕШЕ И ВО ЈУГОСЛОВЕНСКАТА ПРВА ЛИГА

од • November 4, 2026 • 0 коментари

Едно познато име од богатата фудбалска историја на Битола е Томе Димитровски, попознат под прекарот „Тарзан“, кој останал запаметен како еден од легендарните чувари на мрежата на битолски Пелистер.

Димитровски бил дел од генерациите кои ја граделе фудбалската традиција на Пелистер, а неговата кариера го одвела и во тогашната силна југословенска Прва лига.

Во сезоната 1971/72 бил прв голман на нишки Раднички, клуб кој се натпреварувал со најдобрите југословенски екипи.

На фотографијата, која нè враќа повеќе од половина век наназад, Димитровски е фотографиран на голот, во препознатливата црна голманска опрема, во време кога фудбалот се играше со голема пожртвуваност, а голманите беа вистински чувари на своите екипи.

Томе Димитровски „Тарзан“ е уште едно име кое заслужува да биде сочувано во спортската меморија на Битола.

Битола имала и секогаш ќе има свои фудбалски легенди. Наше е да не ги заборавиме!

📸 Фотографија: Историја на ексју фудбалот.

Бабам Битола – за Битола и битолчани.

Babam Bitola

Comments are closed.