Драга моја Битола, драги битолчани, Чкембари и сите мои пелистерци низ Македонија, ВИ БЛАГОДАРАМ за убавите и незаборавни 5 години. Ви благодарам што ме прифативте моето семејство и мене како свои.
Среќен сум што најубавите години од животот и кариерата ги поминав во Битола.
За жал, дојде време да се разделиме, но ние се разделуваме на најубав можен начин, титулата после 18 години ја вративме таму каде што и е местото, во Битола.
Го оставам клубот во сигурни раце, со млади локални сили кои секако ќе ја завршат работата исто како и јас, секако и подобри од мене.
Тоа се врвни луѓе и спортисти на кои лежи сегашноста и иднината на македонскиот ракомет.Голема благодарност до сите мои соиграчи, што ме трпеа цело ова време, знам дека не беше лесно. Благодарност до раководството на клубот, особено на семејството Стерјеви, кои пред се ме третираа како член на семејството, а дури потоа како играч сите овие години.
Ти благодарам Битола, драга моја, ова не е збогум, туку само поздрав до следната средба, само не повеќе во улога на капитен, туку во улога на навивач.Ве сака капитенот
РК Еурофарм Пелистер
Чкембари Битола / Ckembari Bitola